Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска на својот Фејсбук профил им го честиташе 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот на сите работници. Маричиќ порача дека трудот мора да се плати, а работникот да се цени.
-Први мај и оваа година традиционално ги слави добиените битки, но поставува и нови барања бидејќи борбата за подобар, поправеден свет продолжува. Тоа е борба за среќен и достоинствен живот. Денес, додека го славиме 1 мај, 136 години по работничките протести во Чикаго, ја продолжуваме нивната борба. И кога светот се соочува со нови предизвици и економска криза, Владата покажа дека е вистински партнер на граѓаните и во ваква тешка година, потврди дека може да биде година на социјална правда, рекордно покачувајќи ја минималната плата, напиша Маричиќ.