Македонскиот кошаркарски првак во машка конкуренција МЗТ Скопје Аеродром пред своите навивачи без проблеми го совлада Гостивар (78:55) во четвртото коло од разигрувањето за титулата. Натпреварот беше рамноправен само во првите две-три минути, по што „сино-белите“ со серија 16:6 дојдоа до двоцифрена предност (22:12) и до крајот истата ја зголемуваа за убедлив триумф.
Бре Ајви со 14 поени беше најпрецизен за „металците“, а на спротивната страна Виктор Ефремовски реализираше 13 поени.
МЗТ Скопје Аеродром останува на вотрата позиција со скор 22-4, со една победа помалку од лидерот Пелистер, во пресрет на прва меѓусебна пресметка, закажана за в четврток во „Јане Сандански“.
СУПЕРЛИГА – РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО
Пелистер – Еуро Никел 2005 100:83
МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар 78:55
ТФТ – Феникс 2010 85:74
ТАБЕЛА: Пелистер 23-3, МЗТ Скопје Аеродром 22-4, Еуро Никел 2005 16-10, Гостивар 14-12, ТФТ 15-11, Феникс 2010 13-13;