Милан направи уште еден чекор поблиску до скудетото

Милан во 35. коло од италијанскиот фудбалски шампионат на домашен терен ја совлада Фиорентина (1:0) и направи уште еден чекор поблиску до освојување на скудетото. Ова е трета победа во низа за Милан, вкупно 23 во Серија А и моментно има 77 бодови, пет повеќе, но и меч повеќе од второпласираниот Интер кој подоцна ќе игра со Удинезе.

Победничкиот гол со кој „росонерите“ го скршија отпорот на Фиорентина го постигна Рафаел Леао во финишот од мечот, 82 минута.

За Фиорентина ова беше третиот последователен пораз, вкупно 13 во лигата. 

Претходно денеска Јувентус на домашен терен ја победи Венеција со 2:1.

Треба да знаете
Последни објави