Легендарниот фудбалер, тренер и селектор во поранешната СФРЈ, Ивица Осим почина на 81-годишна возраст во Грац, Австрија каде што живееше последните години, објави Јутарњи лист. Од тренерската професија Осим се повлече во 2007 година кога за последен пат ја предводеше репрезентацијата на Јапонија.
По играчката кариера почна тренерска во сараевски Железничар во 1978 година. За сараевскиот тим од Грбавица одигра најмногу сезони во својата играчка кариера. Жељо го водеше до 1986 година, кога ја презеде репрезентацијата на поранешна Југославија, која ја водеше до 1992 година и со која стигна до петата позиција на СП-1990 во Италија. Беше тренер и на Партизан, Панатинаикос, Штурм Грац и јапонскиот ЏЕФ Јунајтед Чиба.
Во играчката кариера за Железничар одигра 166 натпревари и постигна 56 гола, а поради карактеристичната руса коса го нарекоа Штраус. Играше и за холандските Цволе, Стразбур, Седан, Валенсиен и Стразбур. За југословенската репрезентација одигра 16 натпревари и постигна 8 голови.