Барселона против Мајорка ја прекина серијата порази на „Камп Ноу“

По три едноподруго порази на свој терен, Барселона конечно победи, на „Камп Ноу“. Совладана е Мајорка со 2-1. По загубените мечеви од Ајнтрахт Франкфурт, Кадиз и Рајо Ваљекано на „Камп Ноу“, Барселона конечно ги израдува своите навивачи.

Барса поведе со гол на Депај во 25. минута, 1-0 беше резултатот на полувремето. По девет минути игра во вториот дел Бускетс зголеми на 2-0.

На десетина минути до крајот, Раиљо намали на 2-1.

Треба да знаете
Последни објави