Бекер го мина првиот затворенички ден Вандсворт

Легендата на светскиот тенис, поиранешен прв светски рекет, Германецот Борис Бекер (54 г.) го мина првиот затворенички ден во озлогласениот казнено поравен дом Вандсворт во Лондон каде беше осуден на две и пол години поради обид да прикрие пари и други материјални добра во вредност од 2,5 милиони фунти во стечајната постапка со намера да избегне плаќање на долгови.

Машкиот затвор Вандсворт е од втора категорија казнено поправни домови во Велика Британија. Затворениците таму живеат во досада затоа што 22 часа од денот мора да минат во ќелија, а многумина не можат да гледаат во светлина откако ќе го напуштат затворот поради долготрајниот порестој во ќелиите.

-Тоа е најозлогласениот затвор во државата. Постојано слушате викање, удирање, лаење, закани, караници и плач… Како некој да ги собрал сите можни звукови и ги пуштил во исто време. Има многу малтретирање на нови затвореници, стаорци на сите страни. Нека не ве залажуваат официјалните слики, внатре е многу поразлично – коментира поранешен затвореник од Вандсворт со совети за Бекер како да ги минува деновите во затворската ќелија.

-Влезот изгледа сосема исто како од 1895 година кога Оскар Вајлд беше таму поради хомосексуалност. Навистина насилен затвор, но ако седи мирен и не се меша во работите со дрога и долговите, тогаш нема да има непријатности. Само нека им се тргне од патот. Спортот многу значи таму за затворениците и можно е да го гледаат како херој и да бараат автограм од него. Ако си седи мирен нема да има проблеми, е советот испратен за Бекер.

 

Треба да знаете
Последни објави