МЗТ Скопје имаше лесна задача со Гостивар

Македонскиот кошаркарски првак во машка конкуренција МЗТ Скопје Аеродром пред своите навивачи без проблеми го совлада Гостивар (78:55) во четвртото коло од разигрувањето за титулата. Натпреварот беше рамноправен само во првите две-три минути, по што „сино-белите“ со серија 16:6 дојдоа до двоцифрена предност (22:12) и до крајот истата ја зголемуваа за убедлив триумф.

Бре Ајви со 14 поени беше најпрецизен за „металците“, а на спротивната страна Виктор Ефремовски реализираше 13 поени.

МЗТ Скопје Аеродром останува на вотрата позиција со скор 22-4, со една победа помалку од лидерот Пелистер, во пресрет на прва меѓусебна пресметка, закажана за в четврток во „Јане Сандански“.

СУПЕРЛИГА – РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

Пелистер – Еуро Никел 2005   100:83

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар      78:55

ТФТ – Феникс 2010          85:74

ТАБЕЛА: Пелистер 23-3, МЗТ Скопје Аеродром 22-4, Еуро Никел 2005 16-10, Гостивар 14-12, ТФТ 15-11, Феникс 2010 13-13;

Треба да знаете
Последни објави