Полска испратила над 200 тенкови како помош за Украина

Полска ѝ предаде на Украина 232 тенкови Т-72М1, преносни противвоздушни ракетни системи, повеќецевни ракетни системи и хаубици, соопшти денеска Вишеградската група.

„Одлуката на Полска да префрли 232 свои тенкови Т-72М1 значи дека Полска е на второ место како земја, по САД, кои ѝ пружија најголема воена помош на Украина“, пренесе агенцијата РИА Новости.

Се додава дека полската помош вклучува и MANPADS, MLRS, беспилотни летала и хаубици.

Оваа информација индиректно ја потврди шефот на кабинетот на премиерот на Полска, Михал Дворчик на „Твитер“.

Треба да знаете
Последни објави