Кај „Тобако“ во скопската населба Аеродром еден човек е ранет од истрел со огнено оружје испукан од непознато лице и од непознато место. Инцидентот се случил кога две лица разговарале, по што едниот се пожалил на болка и бил веднаш пренесен во болница.
Инцидентот се случил денеска околу 3 часот. Тогаш М.Т.(39) од Скопје пријавил дека пред „Тобако“ каде работел, додека бил во друштво со Т.Ј.(32) од Скопје, слушнале неколку истрели од огнено оружје, при што Т.Ј. се пожалил на болка.
„Од страна на лекар од Итната медицинска помош кај него е констатирана повреда, по што бил пренесен во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот“, информира МВР.