Ноќта на 01.05./02.05.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршени се контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода се 10 лица.
Тие се сомничат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
Имено, кај З.Д.(39) од Битола, В.К.(33) од Струга, И.Т.(21) и М.Б.(19) од Куманово, Б.Е.(37), Е.Б.(24) и М.Х.(25) од Косово, В.Ц.(50), Г.Ц.(47) и Л.М.(18) од Скопје била пронајдена марихуана. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против ќе биде поднесен соодветен поднесок.