Eден од најпознатите левичарски интелектуалци во САД, па и пошироко, Ноам Чомски, предизвика шок и конфузија со своите изјави за војната во Украина.
Во едно интервју за можното решение на конфликтот, Чомски вели:
За среќа, постои еден западен државник кој се залага за дипломатско решение на војната во Украина, наместо да бара начини да ја поттикне и одолговлекува. Неговото име е Доналд Трамп.
Ваквите зборови на Чомски беа изненадување за многумина, затоа што професорот и врвен интелектуалец имаше позитивни зборови за Трамп, особено ако се има предвид дека претходно, вообичанео остро го критикуваше.
Претходно, Трамп на митинг во Небраска изјави дека е убеден оти руската операција во Украина немало да се случи доколку неговата администрација беше на чело на државата и дека требало со разговори да се спречи избивањето на воениот конфликт.