Ахмети од Слупчане: Оваа земја не може да има историја без ОНА

Претседателот  на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети од Слупчане, по повод отворањето на спомен-кулата во чест на загинатите од конфликтот во 2001 рече дека овој споменик ги обединува народите од северна Македонија.

„ОНА е составен дел од историјата на Северна Македонија. Овој споменик не не дели, овој споменик не обединува. Ослободителната национална армија е дел од нераскинливата историја на оваа земја. Не може да има историја оваа земја без ОВК, не може да има иднина оваа земја без најголемото достигнување, Охридскиот мировен договор како резултат на оваа армија, иднината на оваа земја е Договорот од Преспа, договор кој не направи членка на НАТО“, изјави меѓу другото Ахмети.

Денеска во присуство на партискиот врв на ДУИ беше отворен 20-метарски споменик посветен на загинатите членови на ОНА.

Овој настан ДУИ го одбележува секоја година во липковското село.

Треба да знаете
Последни објави