Фолксваген групацијата соопшти денес дека нејзините брендови Порше и Ауди ќе се приклучат на Формула 1.
Извршниот директор на Фолксваген Херберт Дис истакна дека Ауди и Порше ја увериле Групацијата дека влегувањето во Формула 1 ќе донесе повеќе пари отколку што ќе ја чинат Групацијата, пренесува „ЕСПН“.
„Едноставно снемавме аргументи“, наведува Дис.
Тој додава дека подготовките на Порше за влез во Формула 1 биле поконкретни од оние на Ауди.
Ауди е подготвен да понуди околу 500 милиони евра за Мекларен како средство за влез во натпреварувањето, а Порше има намера да го обнови партнерството со Ред Бул.
Дис истакна дека Порше ќе ги намали другите тркачки активности и повеќе ќе се сконцентрира на Формула 1, а извори наведуваат дека влегувањето во Формула 1 ќе се случи за неколку години.