Милвоки бакс стигнаа до голема 101:89 победа на гости кај Бостон селтикс во отварањето на втората рунда на НБА плејофот, додека подраматично беше во Мемфис, каде што Гризлис загубија со 117:116 од Голден Стејт во неверојатна завршница.
Иако Бакси во „ТД гарден“ беа без повредениот Крис Мидлтон, направија голема предност во текот на второто полувреме и стигнаа до импресивна победа. Џру Холидеј заврши со 25 поени, 10 скок и 5 асистенции, додека Јанис Адетокумбо имаше трипл-дабл – 24 поени, 13 скока и 12 асистенции. Кај домаќините, Џејсон Тејтум имаше 21 поени, 6 скока и асистенции, а Џејлен Браун уфрли 12 поени.
Мемфис гризлис пак, во третата четвртина ја загубија предноста која ја имаа во текот на целиот меч, за Вориорс со серија од 9-0 во последнта четвртина да направат двоцифрена предност. Мемфис одговори на тоа со идентична серија и стигнаа до 116:114 водтсво, пред Клеј Томпсон да врати со тројка за победа.
Џа Морент го предводеше последниот напад за Гризлис, но ја загуби топката и направија фаул над Томпсон. Но, тој ги утна двете слободни фрлања, а судиите досудија нафрлање, а последната шанса ја имаа Гризлис на само три секунди пред крајот. Морент не успеа да поентира и мечот беше загубен.
Морент заврши со 34 поени, 9 скока и 10 асистенции, додека Џордан Пул со 31 поени, 9 асистенции и 8 скокови беше најдобар за Вориорс, а Стеф Кари уфрли 24 поени.
Освен драматичната завршница, мечот го одбележа и еден спорен момент, кога Драјмонд Грин беше исклучен поради намерен фаул.
NBA soft for ejecting Draymond green for this ???????? pic.twitter.com/MvcUb8vCLG
— Archduke Point Franz (@DerFranzWagner) May 1, 2022