Шпанската влада денеска соопшти дека мобилните телефони на премиерот на земјата Педро Санчез и на министерката за одбрана Маргарита Роблес биле прислушувани со помош на шпионски софтвер Пегасус во „незаконска и надворешна” интервенција.
„Тоа не е претпоставка, тоа се факти “, изјави министерот на Претседателството, Феликс Боланос, потврдувајќи ја информацијата.
„Сакаме правдата да се истражи”, додаде тој.