Шпанецот Серхио Рико е прв избор на римски Лацио за следната сезона на голманската позиција, која ќе биде испразнета по истекувањето на договорите во јуни на двајцата чувари на мрежата на италијанскиот прволигаш, Пепе Реина и Томас Стракоша.
Рико (28) е под договор со ПСЖ, кој сезонава го отстапи на Мајорка, а со парискиот клуб има потпишано соработка до јуни 2024 година.
Преговорите меѓу Лацио и ПСЖ се започнати и во калчолигашот веруваат дека наскоро би можело да се постигне договор.
Лацио на крајот на сезоната го очекува голем ремонт во екипата и бројни засилувања во обид да стане конкурентен во Серија А за освојување на едно од првите четири места, кои обезбедуваат настап во Лигата на шампиони.