Во липковското село Слупчане во тек е церемонијата за откривање на споменикот на УЧК, кој е во висина од 20 метри.
Спомен кулата e во чест на борците на ОНА и за таа цел потрошени се 200 илјади евра општински пари.
„На пат кон легендарното Липково”, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на официјалниот Фејсбук профил.
Тој во Слупчане допатува заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари.