Ковачевски не само што е нелегитимен премиер, туку покажа дека е човек без интегритет кој прави и говори тоа што ќе му кажат неговите политички ментори.
Во тоа јавноста се увери по објавеното видео во кое се гледа дека Ковачевски иако не бил никогаш член на ВМРО-ДПМНЕ, бил најрадосен и во првите редови на отворање на проектите од проектот Скопје 2014, истиот проект за кој сега е принуден да зборува против.
Ковачевски сега може да зборува против колку сака против и да чита текстови напишани од неговите ментори, но видеото јасно покажува дека е еден од најсреќните ликови кој аплаудира на отворањето на објектите од проектот Скопје 2014.
Тука не само што се покажува лицемерието, туку се покажува и дека Ковачевски нема храброст пред своите ментори да каже што му се допаѓа, нема храброст да даде лично мислење, туку е принуден во јавноста да го изнесе тоа што ќе му наредат.
Повеќе од очигледно е дека и партијата и владата ја водат истите лица кои него го наместија како марионета и фигура да глуми дека е претседател на партијата, односно премиер на државата. Тоа можеби е добро за неговата партија или за неговите ментори, но е штетно за државата.
Затоа и националната катастрофа која ја приреди СДСМ на Македонија и македонските граѓани станува уште потешка. Се распродаваат националните интереси, а граѓаните од ден на ден тонат во сиромаштија со се поголеми давачки за основни потреби.
Во Македонија никогаш не било полошо, а човек како Ковачевски кој нема интегритет, а уште помалку легитимитет, нема способност да најде решение за кризата.
Токму затоа на Македонија и се потребни промени. Затоа Ковачевски треба да се охрабри и да прифати предвремени парламентарни избори. Тоа ќе му биде најдоброто нешто што може да го направи за државата. Затоа што со само предвремени парламентарни избори државата ќе може да ја избавиме од кризите и катастрофата во кои не втурна СДСМ.