Пред 20 години е родено првото бебе оплодено со помош на ин витро технологија во земјава. Таа постапка е спроведена во ИВФ-центарот на Клиничка болница „Аџибадем Систина”, а оттогаш досега таму се реализирани над 17.000 вештачки оплодувања, при што стапката на успешност е на ниво на светските референтни ИВФ-центри.
– Навистина сме горди што уште од самиот почеток направивме пионерски чекори и станавме основоположници на асистираните репродуктивни технологии во земјава. Низ годините Центарот за ИВФ бележи бројни успеси, постојано зголемување на тимот, континуирано вложување во едукација и воведување нови технологии. Се позициониравме на високото место на мапата на развиени ИВФ-центри во регионот. Меѓутоа, ништо од сево ова немаше да биде постигнато без поддршката и довербата од нашите пациенти, вели д-р Слободан Лазаревски, гинеколог акушер, основач на ИВФ-центарот на „Аџибадем Систина”
Благодарение на соработката со реномирани светски банки за донација на јајце клетки и сперматозоиди, во Центарот за ИВФ успешно се изведува оплодување со донација на полови клетки.
Мултидисциплинарниот тим на ИВФ-центарот нуди уникатен и тимски пристап во дијагноза и лекување на неплодноста кај мажите. Располага со тим и опрема за дијагноза на машка неплодност, како и сите видови медикаментозни и хируршки третмани во лекувањето на неплодноста кај мажите. с