Русија со проектили го погоди воениот аеродром во близина на украинскиот југозападен град Одеса, уништувајќи беспилотни летала, проектили и муниција испорачани на Украина од САД и европските сојузници, соопшти руското Министерство за одбрана.
Високопрецизни ракети ‘Оникс’ ги погодија логистичките центри на воениот аеродром во регионот на Одеса преку кои се доставува оружје од странство“, соопшти Министерството за одбрана.
Уништени се хангарите во кои се наоѓаа беспилотните летала ‘Бајрактар ТБ2’, проектили и муниција од САД и европските земји“, се вели во соопштението.
Руските ракети и артилерија исто така погодија различни воени цели низ Украина, вклучително командни центри, арсенали и противвоздушни ракетни системи С-300, се додава.
Гувернерот на Одеса, Максим Марченко, изјави дека ракетниот напад на пристаништето на Црното Море се случил синоќа, а во нападот има мртви и ранети.