Бразил не сака набљудувачи на ЕУ на изборите во октомври

Врховниот изборен суд на Бразил ја откажал поканата на Европската Унија да испрати свои набљудувачи на изборите во октомври кога на тоа се спротивставила владата на претседателот Жаир Болсонаро, јавуваат светските агенции.

Минатиот месец, судот, највисокото изборно тело во Бразил, ја повика Европската Унија првпат да испрати набљудувачи на општите избори оваа година во Бразил, на кои Болсонаро ќе се обиде да се кандидира за нов мандат, пренесува „Ројтерс“.

Два дена подоцна, Министерството за надворешни работи ја откажало поканата со образложение дека изборите во Бразил никогаш не биле „надгледувани од меѓународна организација во која Бразил не е член“, пренесуваат светските гласила.

Треба да знаете
Последни објави