Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ
Очигледен е стравот на Христијан Мицкоски од претседателот на СДСМ и премиер на државата, Димитар Ковачевски.
Ковачевски се посвети на граѓаните и државата, на ублажување на последиците од најголемата воена и економска криза по Втората светска војна, на поддршка на стандардот на граѓаните и компаниите и решавање на проблемите.
За само 100 дена од мандатот, со посветеност, знаење, чесна работа и државнички одлуки резултатите се очигледни, имаме успешно менаџирање со сите предизвици.
Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се посветени на деструкција и одбрана на криминалот на Никола Груевски.
Мицкоски ја запечати ВМРО-ДПМНЕ како криминална партија и злосторничко здружение се уште управувано од Никола Груевски.
Папагалското повторување на едно-исто од страна на ВМРО-ДПМНЕ зборува за тоа во каква очајна состојба се наоѓа оваа партија.
Избори ќе има во 2024 година и тоа прашање е одамна затворено.