Германски борбени авиони пресретнале руски извидувачки авион над Балтичкото Море и го придружувале подалеку од германската територија, објавија германските медиуми.
„Руски извиднички воен авион е забележан во близина на островот Руген, по што два авиони „Еурофајтер“ полетале од базата Лааге кај Росток и го придружувале рускиот авион подалеку од германска територија“, потврди агенцијата ДПА.
Дополнително е потврдено дека леталото „се приближува кон германскиот воздушен простор“, но дека го променил правецот по полетувањето на германскиот авион. Инцидентот се случил во саботата.
Во меѓувреме, данската влада го повика рускиот амбасадор во земјава на информативен разговор поради неодамнешното влегување на руски воен авион во данскиот воздушен простор над балтичкиот остров Борнхолм. Во таа прилика рускиот авион го нарушил и шведскиот воздушен простор.