Литванскиот министер Ландсбергис во Скопје, на средби со Пендаровски, Џафери, Маричиќ и Османи

Министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис денеска ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

Ландсбергис ќе оствaри средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи Бујар Османи на која, како што соопшти МНР, ќе стане збор за македонскиот евроинтегративен процес и конкретната литванска поддршка на тој план, за регионалната соработка, безбедносните прашања во светло на руската агресија врз Украина, како и за подготовките за НАТО Самитот во Мадрид.

Покрај средбата со Османи, предвидено е литванскиот министер да оствари средби и со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, како и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а ќе биде примен и од претседателот на државата Стево Пендаровски. 

Треба да знаете
Последни објави