Германскиот напаѓач Томас Милер ќе остане во редовите на првакот Баерн Минхен уште две години. Денеска Милер стави потпис на договор за продолжување на соработка до 2024 година.
Со Баерн, Милер ги освои сите можни трофеи, а легендарниот Оливер Кан по потпишувањето на договорот изрази големо задоволство што соработката е продолжена.
Во Баерн во следниот период се очекуваат да бидат потпишани уште неколку договри за продолжување на соработката, но фудбалската јавност најмногу ја интересира иднината на Левандовски.
Од Баерн се убедени дека тој ќе остане во Минхен.