Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак, денеска објави две вознемирувачки фотографии на социјалните мрежи.
„Извадени нокти. Врзани раце. Уште еден гроб во кој има двајца цивили е пронајден во селото Каљнивка во Киевската Област“, напиша Подољак со фотографии.
„Уште колку такви злосторства има на моментално окупираните територии? Русија го избра патот на теророт против цивилното население и мора да биде призната како држава која го спонзорира тероризмот“, рече Подољак.