Европската комисија предложи нови санкции за руската нафта

Европската комисија предложи нови санкции за извозот на руска нафта поради инвазијата врз Украина, потврдија за ДПА претставници од извршната власт на ЕУ.

Шестиот пакет санкции им забранува на компаниите од Европската унија да купуваат нафта од Русија и има за цел постепено целосно укинување на увозот руска нафта во Унијата.

Предлогот доаѓа после неколкунеделни преговори во ЕУ, во услови додека земјите-членки на ЕУ се обидуваа да изнајдат солуција за надминување на економските последици од таквиот потег.

Најмногу отпор кон ембаргото на руската нафта доаѓа од Германија што наиде на многу критики од Украина, за на крајот Берлин да ја подржи забраната откако успеа да набави залихи на нафта од алтернативни извори.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек минатата недела соопшти дека Берлин го намалил увозот на руска нафта, и тоа од 35 на 12 отсто за само осум седмици.

Според истражувањата спроведени од Центарот за истражување на енергија и чист воздух, од почетокот на војната во Украина ЕУ увезла руски фосилни горива во вредност од 44 милијарди евра.

Треба да знаете
Последни објави