Ивановски до Бочварски: Ајде на ТВ дебата, им должите одговори на граѓаните зошто сме инфраструктурно најслабо развиена земја во Европа

Откако поминаа Велигден, 1-ви мај и Рамазан Бајрам може да се заклучи дека повеќе од половина од граѓаните на Република Македонија патувајќи се уверија во каква инфраструктурно неразвиена земја живееме.

Се уверија дека автопатот од Кичево кон Охрид 8-ма година наводно се гради, се уверија дека е лажно ветување автопатот кон Битола, притоа ги тестираа амортизерите на возилата возејќи кон Гевгелија, а исто така не беа среќни ни за условите на патот према Косово, или од Тетово кон Гостивар итн. итн.

Министер Благој Бочварски после 5 години владеење им должите многу одговори на граѓаните на Република Македонија зашто сме инфраструктурно најслабо развиена држава во цела Европа.

Јас, како претседател на централната комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ Ве поканувам на телевизиско соочување на аргументите.

Јас лично, како и центарот за комуникации го очекуваме Вашиот повик, а доколку не го добиеме за ден – два, ќе Ве побараме ние.

 

Треба да знаете
Последни објави