На вежбовниот полигон и стрелиште „Стенковец” од вечерва до 8 мај 2022 ќе се изведува обука во рамки на која ќе се користат вежбовни артифиции, информираат од Армијата на Република Северна Македонија.
За време на изведување на планираните активности во рамки на обуката, во одредени периоди ќе се слушаат истрели од вежбовна муниција и други вежбовни средства, а ќе има и зачестено движење на воени возила. Во утринските часови на 6 мај 2022 ќе има и активности во воздух.
– Наведените активности се дел од редовните планови за изведување на неопходната обука на припадниците на армиските единици на овој полигон, при што се преземени сите неопходни превентивни мерки за безбедност на учесниците и околината. Согласно процедурите, со наведената активност се запознаени и надлежните институции на територијата на Град Скопје, се наведува во соопштението од Генералштабот на Армијата.