На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат огромни експлозии во челичарницата во Мариупол, „Азовстал“, последното упориште на украинските бoрци во тој град, jaви Би-би-си.
Видеото го објави MVD DNR, медиум под контрола на проруските сепаратисти од самопрогласената Народна Република Донецк.
Сè уште не е потврдено кога е направена снимката.