Отворена Пратеничка канцеларија во Гази Баба

Денес 04.05.2022 година (среда), во браката број 2 на општина Гази Баба се отвори Пратеничката канцеларија наменета за средби на пратениците од општина Гази Баба со граѓаните.
На отворањето присуствуваше и градоначалникот Бобан Стефковски кој на својата официјална страна на фејсбук напиша:
Отворена канцеларијата за комуникација на пратениците со граѓаните.
Денес во барака број 2 во општина Гази Баба на покана на пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски присуствував на отворањето на канцеларијата за комуникација со граѓаните на пратениците од општина Гази Баба.
Канцеларијата ќе работи секој работен ден од 10 до 14 часот, а секој петок ќе биде приемен ден на кој пратениците ќе имаат средба со граѓаните.
Како градоначалник на општина Гази Баба веднаш по добивање на барањето од пратениците овозможив просторни услови за отворање на истата.
Со отворањето на канцеларијата се овозможува граѓаните поедноставно и побрзо да направат средба со пратениците. – напиша Стефковски.
Оваа канцеларија ќе ја користат пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски за оддржување на средби со граѓаните.
Треба да знаете
Последни објави