Договор за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и папата Франциско не е постигнат, потврди денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека оваа средба не е неопходна.
– Ваквите иницијативи се спроведуваат преку дипломатските служби. Договор за таква средба не е постигнат, рече Песков и оцени дека таква средба не е неопходна, пренесува ТАСС.
Портпаролот на Кремљ на прес-конференцијата посочи дека не се покренати конкретни иницијативи за средбата меѓу Путин и папата.
Претходно папата Франциско изрази подготвеност да дојде во Москва за да се сретне со Путин и да разговара за настаните во Украина.