Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска во периодот од 7 до 13 часот, поради снимање видеоспот, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улицата 50 дивизија во Скопје, односно сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.