Сопружници од Крива Паланка настрадале во експлозија на гасна боца

На 03.05.2022 година во 16.10 часот во ОВР Крива Паланка, од Здравствен дом било пријавено дека кај нив со повреди биле донесени Р.О.(62) и М.О.(66) од Крива Паланка.

Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при експлозија на плинска боца во нивната семејна куќа во Крива Паланка.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Крива Паланка.

Треба да знаете
Последни објави