Голема дупка во асфалтот се отвори на булеварот „ВМРО“ попладнево, во близина на Македонска пошта, објави ТВ21.
Полиција го обезбедува просторот и третата лента од булеварот, еден од најпрометните во Скопје, е затворена за сообраќај.
Екипите на ЈП „Водовод и канализација” и ЈП „Улици и патишта” информираат дека моментално се на терен со мерни возила и ги утврдуваат причините за оштетувањето на коловозот, како и можните проблеми со водноводната мрежа и ќе инервенираат според потребите за да го вратат коловозот во првобитната состојба.