ГЕРМАНСКИОТ канцелар Олаф Шолц денеска посочи дека пристапната перспектива за Србија и другите земји од Западен Балкан мора да стане реалност и вети дека Германија ќе се залага за тоа, посочувајќи дека договорот во дијалогот меѓу Белград и Приштина е клучна.
По разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, Шолц истакна дека клучна тема на разговорите со српскиот претседател бил дијалогот со Приштина.
– Напредокот во дијалогот е од големо значење за мирот и стабилноста во регионот и Европа. Реков колку е важен овој напредок кон сеопфатен договор. „Сите договори постигнати досега мора да се почитуваат, а едностраната акција не е од помош“, рече тој.
Шолц истакна дека Германија интензивно го поддржува пристапниот процес на Србија, како преку советување, така и преку финансирање проекти.
– Европската перспектива на Србија и другите земји од регионот мора да биде нешто што мора да се претвори во реалност. Моето ветување е дека ќе се залагам перспективата да стане реалност – изјави тој за новинарите.
Шолц потсети дека со Вучиќ се сретнал и разговарал и претходно додека бил градоначалник на Хамбург и дека ова е добра почетна точка за се што сакаат двете земји да направат заедно.
Тој рече дека се разговарало за широк спектар на билатерални односи.
Тој ја посочи добрата економска соработка, фактот што во Србија работат 400 германски компании кои отвориле околу 75.000 работни места.
– Сакаме дополнително да го поттикнеме овој позитивен развој – подвлече тој.
Шолц најави дека за неколку недели ќе отпатува за Западен Балкан, а ќе го посети и Белград.