Страшната несреќа можеа да ја видат гледачите на автомобилската трка која се одржа на јапонската патека Фуџи.
Во автомобилска трка, јапонскиот возач Мицунори Такабоши удри во ѕид со брзина од 290 километри на час, по што неговиот автомобил буквално се распадна на стотици делови.
Оштетениот болид неколку пати се вртеше на патеката, но за среќа никој не удри во него.
Такабоши удри во ѕид додека се обидуваше да избегне директен судир со Такеши Суехир чиј автомобил нагло забави. Наместо тоа, тој удри во ѕидот и сè изгледаше навистина ужасно, а доказ за тоа е драматичната боја на гласот на телевизискиот коментатор на трката.
Такабоши веднаш бил пренесен во болница, а за среќа биле констатирани само полесни повреди.
Погледнете го ужасниот судир на 2:55 минута од видеото: