Володин: НАТО ја подготвуваше Украина за напад на Русија, Путин спречи огромна трагедија

НАТО подготвуваше напад од Украина врз Русија, но одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да спроведе специјална воена операција на украинска територија успеа да спречи огромна трагедија, изјави претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, пренесуваат медиумите во светот. Тој преку „Телеграм“ запрашал како поинаку може да се објасни постапката на Вашингтон кој сите одлуки за испорака на оружје за Украина ги донел во јануари, пред почетокот на руската воена операција, пренесува „РИА Новости“.

„Да не беше одлуката што ја донесе претседателот Путин, воените операции ќе се водеа на територијата на нашата земја. Успеа да спречи напад на Русија“, нагласил Володин.

Треба да знаете
Последни објави