СДСМ призна дека има криза.
Кога веќе признаваат дека има криза, во таа криза Ковачевски одбива дијалог со опозицијата и најголемата политичка партија.
Во таа криза Ковачевски одбива помош на стручни луѓе и законски решенија кои ќе ги изработат 4-те тимови на ВМРО-ДПМНЕ, во образование, здравство, економија и надворешна политика.
Во таа криза на СДСМ, на Ковачевски му е поважна фотелјата од се друго.
За сите последици ќе биде виновна само власта на СДСМ и ДУИ.