Во Струмица дерби за второто место во мак-фудбалот

Шампионската трка во мак-фудблот заврши. Шкупи и теоретски ја освои титулата, но трката за евро-визите и бекство од опасната зона продолжува. Во денешното (17 ч.) прекуредно 31. коло  во прволигашката конкуренција во мак-фудбалот дерби ќе се игра во Струмица, каде Шкендија ќе гостува против Академија Пандев. Тимот од Тетово предводен од тренерот Артим Шаќири е второпалсиран со еден бод предност пред дирекниот конкурент Академија Пандев, кој попладнево ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен и да се пробие на второто место.

Новиот шампион Шкупи ја пречекува Македонија ЃП која е во трка за позиција која води на меѓународната клупска сцена. Струга Трим Лум на домашен терен ја пречекува Брегалница, а Тикеш е домаќин на Ренова.
Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ ќе игра против Борец, додека Скопје и Пелистер ќе се сретнат на „Автокоманда“.

 

Треба да знаете
Последни објави