Планот на ЕУ за забрана на руската нафта не нуди „гаранции” за енергетска безбедност на Унгарија

Унгарските власти денеска соопштија дека не гледаат гаранции за својата енергетска безбедност во предложената ембарго на  ЕУ за руската нафта.

„Не гледаме никаков план или гаранција ниту за тоа како би се менаџирала транзицијата врз основа на сегашните предлози и што би ја гарантирало енергетската безбедност на Унгарија”, се вели во соопштението на прес-службата на унгарската влада.

На прашањето дали тоа значи дека Унгарија целосно го отфрли предлогот на ЕУ, прес-службата не одговори веднаш.

Во документот во кој имале увид западни медиуми, предлогот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен бара на Унгарија и на Словачка, и двете во голема мера зависни од руската нафта, да добијат повеќе време да ја исполнат забраната.

Треба да знаете
Последни објави