Приведени двајца крадци во Куманово, одземеното вратено на сопственикот 

На 03.05.2022 во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.И.(30) и Е.И.(34) од Куманово. Тие се сомничат дека минатата недела со употреба на сила влегле во објект на улицата „Димитар Влахов” и одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави