Русија на 9 мај ќе ги покаже „Торнадо-Г”- „Катјуши“ на 21. век

Русија ќе прикаже дел од своето најново оружје за време на традиционалната воена парада на Денот на победата на 9 мај, соопшти Министерството за одбрана.

– Првпат модерни повеќенаменски ракети „Торнадо-Г” со калибар од 122 милиметри и опремени со автоматски системи за контрола и следење ќе поминат низ Црвениот плоштад во моторизирана колона, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Воена парада ќе се одржи во вкупно 28 градови по повод Денот на победата, иако главниот настан е во Москва, каде ќе учествуваат 11.000 војници и 131 воени возила, како и 77 хеликоптери и авиони. Предвидено е русиот претседател Владимир Путин да одржи говор.

Кремљ минатата недела соопшти дека не се поканети странски лидери, дури ниту претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Во Русија на 9 мај се одбележува победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна во 1945 година, а вообичаено е Москва да ја прикажува најновата воена опрема.

Треба да знаете
Последни објави