Русија ќе го бојкотира состанокот на ОН со ЕУ

Русија денеска ќе го бојкотира состанокот на Советот за безбедност на ОН со Политичкиот и безбедносен комитет на Европската Унија, што ќе биде ново влошување на односните меѓу Москва и партнерите од ОН, тврдат дипломати во изјава за западни медиуми.

Западен дипломат истакнува дека не помни Русија да бојкотирала состанок на Советот за безбедност, по инвазијата на Украина на 24 февруари.

Годишните неформални заеднички состаноци на Советот за безбедност со Политичкиот и безбедносен комитет не се одржуваа од 2019 година, поради пандемијата од коронавирусот.

На состанокот се очекува да се разговара за за дничка акција на ЕУ и ОН, во земјите каде што двете организации спроведуваат операции, како што се Босна, Централноафриканската Република и Мали.

Треба да знаете
Последни објави