Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ се плашат од редовни избори во 2024 затоа што губат гласови

Премиерот Димитар Ковачевски во дебатниот магазин „Клил плус“ на ТВ21 истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се плашат од редовни избори во 2024 година затоа што ги губат гласовите.

„Не е дека се плаши некој од владината коалиција во моментов од предвремени избори, туку ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател се плашат од редовни избори во 2024 година затоа што тие добија доверба од граѓаните да ги водат општините. Имаат доминантни општини во државата кои што ги водат, а ги гледаме перформансите на тие општини на скоро една година од нивниот мандат“, вели Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави