Матичарите на протест, сообраќајот во Центар попладнево ќе биде блокиран

Вработените од Управата за водење на матичните книги, кои од минатата недела штрајкуваат, попладнево од 15 до 17 часот ќе одржат пред Министерството за правда, каде што ќе бидат блокирани улиците.

езависниот синдикат на Управата бара донесување колективен договор на ниво на работодавец, линеарно покачување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа.

Претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење на матичните книги, Тони Милошески, најави дека штрајкот ќе продолжи сѐ до исполнување на барањата.

Треба да знаете
Последни објави