Сидорф остана без текст по случувањата на „Сантијаго Бернабеу“

Кларенс Сидорф во живо го следеше реванш-пуфиналониот натпреавр од фудбалската Лига на шамшпионите меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити, кој ќе се памети по новиот невројатен пресврт што го приредија „кралевите“. Сидорф како поранешен член на Реал Мадрид и добар пријател на Карло Анчелоти уште пред натпреварот порача дека навива за домашниот тим, но дури и нагласи дека Шпанците ќе морат да го искористат „помрачувањето“ на Сити, кое навистина се случи по првиот примен гол во 90-та минута.

Кларенс добро предвиде дека Сити ќе има пад и може да потклекне на „Сантијаго Бернабеу“, па откако тоа се случи, ја испрати следнава изјава:

– Како вљубеник во овој спорт и во Реал Мадрид, можам да кажам дека овој клуб не може да се опише со зборови. Ми се разбудија сите емоции после вториот гол на Родриго, тоа што се случи е неверојатно и многу убаво.

– Не сакам да го потценам Манчестер сити, но историјата не се прави во две или во десет години. Реал Мадрид има историја и традиција. Ако во Мадрид испаднете во осминафиналето, не смее да излете од дома, а во Сити не се селучува ништо. Реал Мадрид е нешто друго, кога доаѓате тука, знаете дека има нешто што е многу поголема од вас како поединец, – порачува Сидорф кој и натаму е единствен играч во историјата со трофеј во ЛШ со три различни клуба (Ајакс, Милан и Реал).

Треба да знаете
Последни објави