Набргу ќе стане јасно за што се наменети 900 милиони евра, јавноста ќе биде сведок на епски криминал на ДУИ

Во деновите кои што следат на сите ќе им стане јасно за што се наменети 900 милиони евра и јавноста ќе биде сведок на епски криминал, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– За реализација на еден проект кој што долго време ДУИ го најавува, како предигра на таа реализација направена е промена на сопственичката структура на една градежна компанија каде што нов сопственик е човек, фамилија блиска до ДУИ. Ќе бидеме сведоци на еден епски криминал кој што ќе се случува во периодот кој што следи, потенцираше Мицкоски.

Тој тврди дека власта се обидува да ја скрие вистинската намена на тие 900 милиони евра.

-Прво ќе излезат и ќе кажат дека биле 900 милиони евра за буџетска поддршка, за ликвидноста на буџетот. Видоа дека таа приказна тешко проаѓа и наидува на критика во јавноста, па потоа се обидоа на мала врата да протнат една друга теза дека се потрошени државните резерви во четвртиот квартал од минатата година и првиот квартал од оваа година, нешто повеќе од дванаесет проценти од вкупниот волумен на државни резерви па требало тие да се покријат. Суштината е нешто друго и повторно главен играч тука е ДУИ, а СДСМ е само набљудувач на тој процес, рече Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави