За таа цел, МАГО склучи меморандум за соработка со Amaze преку кој беше овозможен пристап до повеќе од 20 едукативно-забавни кратки видеа и едукативни ресурси за сексуалното образование наменети за адолесценти, родители, воспитувачи и даватели на здравствени услуги.
Основната мисија и цел на овие видеа е поттикнување природен и здрав сексуален развој на децата и адолесцентите, како и градење на свет во кој младите би имале постојан пристап до неопходните информации. Видеата се достапни на македонски и албански јазик на www.agom.org.mk/amaze.
https://www.youtube.com/playlist?list=PLH96_lZ_zXDWkv5c7BsJF1F_5kbuUmSDP
https://www.youtube.com/playlist?list=PLH96_lZ_zXDXAsV6XeTzJzqGa-jNhDwoq
Со почеток на оваа кампања МАГО ја најавува Неделата на женското здравје (8-14 мај 2022) која ќе се одбележи на 11-ти мај (среда) од 11:00 до 12:00 часот во Младинскиот културен центар.
На настанот ќе се претстават досегашните и идните активности и кампањи на Македонската Асоцијација на Гинеколози и Опстетричари кои заедно со повеќе релевантни институции и организации започнуваат процес на континуирана едукација за женското здравје и поттикнување на општествени промени во оваа област.



