Трофејниот шпански фудбалски стартег Пеп Гвардиола на хартија важи за еден од најдобрите стратези на денешницата. Пеп овој епитет не може да го докаже во елитното европско клупско натпреаврување Лигата на шампионите, каде синоќа на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид потклекна во полуфиналето, иако имаше предност од два гола, вкупно во двомечот, на десетина минути пред крајот. Најтрофејниот со 13 европски шампионски титули Реал Мадрид, третпат сезонава побегна од „чистилиштето“.
Проклетството продолжи за Пеп кој цели единаесет години го нема кренато пехарот со „големите уши“. Тоа го има направено двапати во тренерската кариера како предводник на Барселона во 2009 и во 2011 година.
Пеп во минатиот мај стигна до финалето во ЛШ, но таму се препна Челси (1-0). Ова беше првото загубено финале во ЛШ на Гвардиола, по победите со Барселона против Манчестер јунајтед во 2009 и во 2011. Во полуфиналето Гвардиола шести пат е запрен во походот кон врвот. Неславниот рекорд го дели со Жозе Мурињо.
Од Баерн, Пеп се пресели на клупата на англискиот Манчестер сити, со кого во првата сезона беше елиминиран во осминафиналето од Монако. Во 2018 година на патот на „граѓаните“ им застана Ливерпул, со победи од 3-0 на „Енфилд“ и од 1-2 на „Етихад“. Во 2019 година Пеп и неговите избраници стигнаа до четвртфиналето, но таму беше елиминиран од Тотенхем.
Во сезоната 2019/2020 нокаут фазата се играше турнирски во Лисабон, каде Пеп беше шокиран од француски Лион, кој славеше со 3:1. Минатата сезона тој беше најблиску до пехарот, но му пресуди Каи Хаверц, кој го постигна голот за трофеј на Челси, а тековнава сезона Реал мадрид се погрижи да му застане на патот во полуфиналето.
Пеп за шесте години како тренер на Манчестер сити потроши повеќе од една милијарда евра на играчки засилувања, но не направи тим кој ќе го крене големиот пехарф во ЛШ.



